БалканБалкан.Портал

Вонредна состојба во Република Српска поради коронавирусот

Од денеска стапува во сила одлуката за прогласување вонредна состојба во Република Српска, која е воведена со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус.

Бања Лука, 3 април 2020 (МИА) – Од денеска стапува во сила одлуката за прогласување вонредна состојба во Република Српска, која е воведена со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус.

Решението го донесе Парламентот на РС на 28 март, а во Службен весник е објавена и стапи во сила откако претставниците на Бошњаците се откажаа од ставање вето, односно поднесување барање за утврдување на виталниот национален интерес на конститутивниот народ.

Одлуката за воведување на вонредната состојба се однесува на целата територија на Република Српска. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close