Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Вонредна состојба во Казанската Област поради експозија во дистрибутивна станица за гас

Во Казанската Област денеска е воведена вонредна состојба откако се излеа и се запали гас во дистрибутивната станица, при што загина едно лице, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации

Москва, 13 јуни 2020 (МИА) – Во Казанската Област денеска е воведена вонредна состојба откако се излеа и се запали гас во дистрибутивната станица, при што загина едно лице, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Од запалениот објекти спасени се четири лица, од кои двајца се хоспитализирани.

Иако дистрибутивната станица е во близина на станбени објекти, експлозијата не предизвика штета на инфраструктурата, но забележано е зголемено емитување на штетни гасови.

Во гаснење на пожарот, чии пламени достигнаа висина до 50 метри, учествваат 199 пожарникари и 58 возила. ми/

 

Таг
Back to top button
Close
Close