0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Вонредна дезинфекција на јавните површини во Македонска Каменица

Во Македонска Каменица вечерва ќе се спроведе вонредна акција за дезинфекција на јавните површини во градот. Акцијата ќе ја спроведат екипи на јавното претпријатие „Камена Река” и Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица, со цел дополнителна заштита поради појавата на зголемен број позитивни случаи со Ковид-19.

Македонска Каменица, 3 септември 2020 (МИА) – Во Македонска Каменица вечерва ќе се спроведе вонредна акција за дезинфекција на јавните површини во градот. Акцијата ќе ја спроведат екипи на јавното претпријатие „Камена Река” и Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица, со цел дополнителна заштита поради појавата на зголемен број позитивни случаи со Ковид-19.
– Апелираме до граѓаните да ги отстранат паркираните возила од улиците, за полесен пристап и непречено вршење на екипите на терен. Во акцијата ќе биде вклучена и крупна механизација со системи за распрескување на дезинфекциони средства. Со акцијата за дезинфекција ќе бидат опфатени спортските игралишта, забавни паркови и јавните површини, влезовите во станбените живеалишта, како и улиците во градската и приградската средина, информираа надлежните.
Од општината истакнуваат дека будно ја следат состојбата и навремено ги спроведуваат сите мерки и препораки од Владата и Комисијата за заразни болести за спречување и ширење на коронавирусот.
-По издадените решенија и наредби за работа од далечина и првиот регистриран позитивен случај на вработен во општинската администрација, таа ќе работи во редуциран состав, а влезот за странки нема да биде дозволен. Вработените ќе ги вршат тековните работни обвски од далечина до 13 септември, а по потреба и физички ќе бидат присутни на работните места. Поради зголемениот број на регистрирани случаи во Македонска Каменица, како општина апелираме до граѓаните и стопанствениците во трговските, услужните и угостителските објекти строго да се придржуваат и да ги спроведуваат пропишаните протоколи и мерки за заштита од коронавирусот, велат од општината. вс/бак/

Back to top button
Close
Close