0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Вонреден состанок на Општинскиот кризен штаб во Делчево

Поради зголемениот број случаи позитивни на Ковид-19, одржан е вонреден состанок на Општинскиот кризен штаб во Делчево. Поради отсуството на епидемиологот, меѓу главните проблеми, како што беше напоменато на средбата е потребата од епидемиолог или друго стручно лице, со цел навремено интервенирање во изработката на епидемиолошките анкети.

Делчево, 19 август 2020 (МИА) – Поради зголемениот број случаи позитивни на Ковид-19, одржан е вонреден состанок на Општинскиот кризен штаб во Делчево. Поради отсуството на епидемиологот, меѓу главните проблеми, како што беше напоменато на средбата е потребата од епидемиолог или друго стручно лице, со цел навремено интервенирање во изработката на епидемиолошките анкети.
-Соочени и со проблемот со отсуството на епидемиологот од Делчево и проблемот што за целиот краен исток и за општините Берово, Пехчево, Виница и Делчево е одговорен еден епидемиолог, а во сите овие општини има зголемен број случаи со коронавирус, како општински кризен штаб бараме помош од епидемиолог или друго стручно лице од Центарот за јавно здравје Кочани, за да може да се интервенира навремено во изработката на епидемиолошките анкети, побрзо доставување на решенијата за изолација и друго, напоменаа од Кризниот штаб.
Воедно упатена е препорака до Здравствениот дом „Гоце Делчев“ да формира координативно тело составено од здравствени работници од приватното и јавното здравство со цел навремено собирање на податоците за пациентите и дистрибуција на информациите до МВР и епидемиологот.
-Исто така, побарано е да се засилат контролите на угостителските објекти, со посебен акцент на придржување до изречените мерки и протоколи и правилното користење на доделената јавна површина. Во сите фирми и институции строго да се почитуваат протоколите за заштита од Ковид-19 на работните места. Да се засилат контролите на градскиот пазар и строго почитување на протоколите за заштита од Ковид-19. Инспекциските служби (пазарната), комуналните редари, инспекторот за заштита на животната средина да се поажурни и да доставуваат неделни извештаи за преземените мерки за спречување од КОВИД 19, додадоа од Кризниот штаб.
Градоначалникот Горан Трајковски, кој учествуваше на состаонокот на Кризниот штаб, уште еднаш апелираше до граѓаните да бидат совесни и одговорни.
-Бидете совесни и одговорни кон вашето здравје и здравјето на вашите најблиски, пријатели, соседи, колеги, но и спрема секој еден жител на нашиот град. Уште еднаш апелирам носете маски, држете дистанца, дезинфицирајте ги рацете, не се групирајте, давајте точни податоци до надлежните здравствени работници, седете во изолација доколку сте биле во контакт со некој од позитивните лица. Само вака заедно ќе излеземе победници од оваа криза, истакна Трајковски.
Тој апелираше доколку некој има симптоми на болеста или е без симптоми, но имал контакти со заболени лица, задолжително да направи тест и веднаш да се самоизолира, бидејќи, како што додаде, само на тој начин може да се заштитат најблиските, пријателите, соседите и целиот град.
Општина Делчево, додаде тој, како и досега ќе продолжи со редовна дезинфекција на јавните површини и реквизити, како и на влезовите на институциите.
Согласно со податоците од надлежните, до 10 часот денеска во Делчево има 11 лица позитивни на коронавирус од кои тројца се со потешка клиничка слика и се на болничко лекување, а 16 лица се во самоизолација.
МВР досега поднело 81 пријава за неносење заштитни маски. вс/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close