СветСвет.Портал

„Волстрит журнал“: Хуавеј го злоупотреби пристапот до мрежите наменети за полицијата

Кинеската технолошка компанија Хуавеј користеше системи наменети за полицијата за да пристапи до мобилните мрежи во повеќе земји, објави денеска „Волстрит журнал“

Њујорк, 12 февруари 2020 (МИА) – Кинеската технолошка компанија Хуавеј користеше системи наменети за полицијата за да пристапи до мобилните мрежи во повеќе земји, објави денеска „Волстрит журнал“.

Весникот повикувајќи се на неименувани американски претставници тврди дека таквата пракса траела повеќе од 10 години, додека кинескиот гигант ги отфрли таквите тврдења.

Според „Волстрит журнал“ официјален Вашингтон за тоа ги известил Велика Британија и Германија кон крајот на 2019 година.

Во согласност со законот сите производители на мрежна опрема се обврзни да овозможат пристап до мрежите ако побараат. Додека операторите на мрежи го задржуваат првото да не дозволат пристап на производителите на опрема, но Хуавеј наводно го заобиколил тој процес и имал пристап до мрежите.

Според американските претставници само Хуавеј бил во можност да има пристап до мрежите. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close