Svet.SlajderСветСвет.Портал

„Волстрит џурнал“: САД сакаат вештачки да ја зголемаат конкуренцијата со „Хуавеј“

Администрацијата на САД веќе подолго време подготвува план за преземање на европските компании „Ериксон“ и на „Нокиа“ од американски технолошки и телекомуникациски конзорциуми со цел вештачки да ја засили конкуренцијата со кинеската телекомуникациска корпорација „Хуавеј“, објави „Волстрит џурнал“

Вашингтон, 26 јуни 2020 (МИА) – Администрацијата на САД веќе подолго време подготвува план за преземање на европските компании „Ериксон“ и на „Нокиа“ од американски технолошки и телекомуникациски конзорциуми со цел вештачки да ја засили конкуренцијата со кинеската телекомуникациска корпорација „Хуавеј“, објави „Волстрит џурнал“.

Весникот наведува дека планот не е реализиран поради пандемијата со новиот коронавирус.

„Волстрит џурнал“ наведува дека Вашингтон внимателно се консултира со „Сиско системс“ и други американски технолошки компании, телекомуникациски оператори и приватни инвестициски фирми за купување на „Ериксон“ и „Нокиа“. Предложено е и за европските компании да се обезбедат даночни олеснувања за европските комании, но и владина поддршка за американските компании кои ќе се согласат да ги купат „Ериксон“ и „Нокиа“.

Белата куќа дистрибуира извештај подготвен од група експерти, меѓу кои и поранешниот директор на НАСА и поранешниот извршен директор на „Нокиа“. Тие предлагаат создавање на технолошки конзорциум под покровителство и со поддршка на САД, кој ќе може да биде конкуренција на „Хуавеј“. Идејата е поддржана и од група посредници за приватни инвестиции предводени од „Керберус капитал“, наведува „Волстрит џурнал“.

Весникот посочува и дека американските големи компании за сега се резервирани за плановите на американската администрација за преземање на „Ериксон“ и „Нокиа“. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close