0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Волф очекува договор со Хамилтон до трката во Бахреин

Извршниот директор на Формула 1 тимот Мерцедес, Тото Волф, постави нов рок за потпишување на договор со Луис Хамилтон.

Лондон, 25 јануари 2021 (МИА) – Извршниот директор на Формула 1 тимот Мерцедес, Тото Волф, постави нов рок за потпишување на договор со Луис Хамилтон.

– Адвокатите работат напорно. Треба да потпишеме до пред Бахреин. Ова е последниот рок, изјави Волф за „ОРФ“.

Првата трка од новата Ф1 сезоната ќе се одржи во Бахреин на 28 март. Претсезонските тестови се закажани за 12-14 март на истото место.

Волф исто така рече дека не му се заканува на седумкратниот светски шампион со можност на негово место да го донесе Џорџ Расел од Вилијамс.

– Нашата долгорочна соработка не вклучува закани. Јас само кажав кои ни се опциите. Во одреден момент ќе го извадиме пенкалото и ќе одлучиме. Сепак, нашата врска со Хамилтон има солидна основа и сакаме да постигнеме уште поголем успех во иднина, истакна Волф. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close