0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Волф: Хамилтон е подготвен физички и психолошки, но дали е да остане во 2022 година е негова одлука

Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф изјави дека одлуката за тоа дали Луис Хамилтон ќе ја продолжи кариерата во Формула 1 по сезоната 2021 зависи од возачот.

Лондон, 9 февруари 2021 (МИА) – Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф изјави дека одлуката за тоа дали Луис Хамилтон ќе ја продолжи кариерата во Формула 1 по сезоната 2021 зависи од возачот.

Хамилтон и Мерцедес потпишаа договор за 2021 година – така Луис ќе продолжи да биде соиграч на Валтери Ботас. Наспроти шпекулациите од „мотоспорт“ медиумите, договорот не вклучува опција за продолжување за сезоната 2022 година.

– Луис треба да одлучи каква ќе биде неговата иднина, затоа не сакам да коментирам во негово име. Од друга страна, тимот исто така треба долгорочно да одлучи за пилотите. Ние сме 100 проценти посветени и верни на Валтери и Луис оваа сезона. И тогаш ќе погледнеме наоколу и ќе се запрашаме: „Кој ќе биде нашиот тим 2022 година?“

Сè додека Луис ужива во трките, тој е совршено способен да продолжи. Тој се грижи за себе физички и психолошки, па мислам дека неговите способности нема да исчезнат во 2021 година. Но, во крајна линија тоа е негова одлука, рече Волф.

Хамилтон во сезоната 2021 која стартува во март ќе го брани шампионскиот трофеј. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close