Svet.SlajderСветСвет.Портал

Воен ловец „У-12“ се урна во Шри Ланка, четворица загинати

Ловец на воено-воздухопловните сили на Шри Ланка денеска се урна во централниот дел на земјата, при што загинаа сите четири лица во него, соопштија властите, пренесе ДПА.

Коломбо, 3 јануари 2020 (МИА) – Ловец на воено-воздухопловните сили на Шри Ланка денеска се урна во централниот дел на земјата, при што загинаа сите четири лица во него, соопштија властите, пренесе ДПА.

Германската агенција наведува дека авионот „У-12“, од кинеско производство, се урна во областа Хапутале, на околу 200 километри источно од главниот град Коломбо.

Истражителите в еќе се наоѓаат на местото на падот на авионот, а првичните информации говорат дека неповолното време, со магла во планинската област, може да придонеле за несреќата. сд/

 

 

Back to top button
Close
Close