Дописници МКДОпштински вести

Водостојот на Пчиња кај Пелинце 60 сантиметри

Водостојот на реката Пчиња кај Пелинце  во општина Старо Нагоричане, денеска изнесува 60 сантиметри, што е за осум сантиметри пониско во односна вчерашните мерења, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Куманово, 27 јануари 2021 (МИА) – Водостојот на реката Пчиња кај Пелинце  во општина Старо Нагоричане, денеска изнесува 60 сантиметри, што е за осум сантиметри пониско во односна вчерашните мерења, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

За утре од Управата очекуваат намалување на водостојот.  Во однос на просекот за јануари кој изнесува 53 сантиметри, сегашниот водостој е повисок.

Од регионалниот центар за управување со кризи Куманово велат дека не постои можност за излевање на Пчиња, бидејќи претходно отстранети се гранки, дрвја, чакал и други елементи коишто го попречуваа нормалниот водотек на реката.

Пред десетина дена Пчиња и Крива Река се излеаја и зафатија земјоделско земјиште, но и викенд куќи и индивидуални објекти во неколку села по течението во општините Куманово и Старо Нагоричане. ам/ки/

Back to top button
Close
Close