Општински вестиСкопје

Водици одбележани во Илинден, богојавленскиот крст во рацете на Марио Димитријевски

Со осветување на водите на езерото на хотелот Белви, што го извршија свештениците од црквата „Свети Константин и Елена“, жителите на Општина Илинден во празнична атмосфера го одбележаа големиот христијански православен празник Богојавление – Водици.

Скопје, 19 јануари 2020 (МИА) – Со осветување на водите на езерото на хотелот Белви, што го извршија свештениците од црквата „Свети Константин и Елена“, жителите на Општина Илинден во празнична атмосфера го одбележаа големиот христијански православен празник Богојавление – Водици.

Илјадници граѓани учествуваа во оваа традиционална манифестација којашто во Организација на Општина Илинден, во соработка со свештениците од црквата „Свети Константин и Елена“ се одржува по 12-ти пат.

Точно на пладне, по светата литургија, како што е обичајот, Богојавленскиот крст беше положен во водите на езерото, а по него се фрлија 45 верници. Најсреќен меѓу нив беше 24-годишниот Марио Димитријевски, од населба Илинден, кој по петти пат го фати богојавленскиот крст.

За најсреќниот следуваа пригодни подароци од присутните верници на овој голем православен настан, меѓу кои беше и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

За присутните на манифестацијата, како и секоја година беа обезбедени топли пијалоци, како и традиционалната пифтија.

Празникот Водици – Богојавление народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со тоа на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа, кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close