Општински вестиСкопје

Водата за пиење во Скопје изминатата недела безбедна и квалитетна

Согласно добиените резултати од испитувањата на Секторот за санитарна контрола, во периодот од 7 до 11 јуни 2021 година, сите примероци од анализата на водата за пиење во Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.

Скопје, 14 јуни 2021 (МИА) – Согласно добиените резултати од испитувањата на Секторот за санитарна контрола, во периодот од 7 до 11 јуни 2021 година, сите примероци од анализата на водата за пиење во Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Од таму дополнуваат дека Секторот за санитарна контрола во наведениот период земал 190 примероци за физичко-хемиска и 190 примероци за микробиолошка анализа на вода од 46 мерни места во Градот Скопје. ар/сп/

 

Таг
Back to top button
Close
Close