Дописници МКДОпштински вести

Водата за пиење во Општина Гевгелија здрава и исправна

Во текот на оваа година, заклучно со месец мај, гевгеличани пијат здрава и исправна вода според анализите што редовно ги врши ПЕ на Центарот за јавно здравје во Гевгелија преку земање на примероци вода од неколку локации.

Гевгелија, 24 јуни 2020 (МИА) – Во текот на оваа година, заклучно со месец мај, гевгеличани пијат здрава и исправна вода според анализите што редовно ги врши ПЕ на Центарот за јавно здравје во Гевгелија преку земање на примероци вода од неколку локации.

Директорот на ЈПКД „Комуналец“ Златко Зумров истакна дека во поголемиот дел од населените места, водоснабдувањето е редовно и без поголеми прекини, освен во периодите кога се отсрануваат дефекти, кога се вршат интервенции на водоводните линии или пак се приклучуваат нови корисници.

– Во летниот период, најчесто во месеците јули, август и септември системот го дополнуваме со потопни пумпи од бушотини, а водата за пиење ја третираме согласно здравствените стандарди со пропишани количини на натриум хлорид или хлор во гасовита состојба, рече Зумров.

Од регионалниот водовод, покрај градот Гевгелија, со вода за пиење се снабдуваат сите низински населени места во Oпштина Гевгелија, како и селата Стојаково и Селемли од Oпштина Богданци. Потпланинските и планинските села на територијата на Oпштина Гевгелија со вода за пиење се снабдуваат од сопствени каптажи, велат од гевгелиското комунално претпријатие. им/фф/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close