Општински вестиСкопје

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење, информира ЈП „Водовод и канализација“

Секторот за санитарна контрола во периодот од 29 јуни 2020 до трети јули 2020 зема 899 примероци за физичко-хемиска и 899 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 56 мерни места во Град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. 

Скопје, 6 јули 2020 (МИА) – Секторот за санитарна контрола во периодот од 29 јуни 2020 до 3 јули 2020 зема 899 примероци за физичко-хемиска и 899 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 56 мерни места во Град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење се објавува за подобра информираност на граѓаните.

Извештајот е добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, која е прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018. мд/скс/

 

 

Back to top button
Close
Close