Општински вестиСкопје

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата за пиење е безбедна, покажуваат анализите од примероците за физичко-хемиска и микробиолошка анализа земени од 47 мерни места во Скопје.

Скопје, 19 април 2021 (МИА) – Водата за пиење е безбедна, покажуваат анализите од примероците за физичко-хемиска и микробиолошка анализа земени од 47 мерни места во Скопје.

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека во периодот од 12 до 16 април се земени вкупно 191 примероци за анализа.

– Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се наведува во денешното соопштение на „Водовод и канализација“. фф/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close