БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Во знак на протест општина од Лезбос го наполни со стари елеци за спасување просторот за изградба на нов центар

Во рамките на активностите против изградбата на нов затворен центар за бегалци и мигранти, општина западен Лезбос, просторот предвиден за кампот, го наполни со стари елеци за спасување и стари чамци, кои бегалците и мигрантите ги користеле за од турското крајбрежје да стигнат на Лезбос, објавија локалните медиуми од островот.

Атина, 16 февруари 2020 (МИА) – Во рамките на активностите против изградбата на нов затворен центар за бегалци и мигранти, општина западен Лезбос, просторот предвиден за кампот, го наполни со стари елеци за спасување и стари чамци, кои бегалците и мигрантите ги користеле за од турското крајбрежје да стигнат на Лезбос, објавија локалните медиуми од островот.

Старите елеци за спасување, со камион беа префрлени од местото каде што веќе со години се собираат и истурени на земјиштето одредено од владата за изградба на новиот центар, јави дописничката на МИА од Атина.

Градоначалникот на општина западен Лезбос, Таксиархис Верос, преку медиумите ги повика граѓаните со нивните автомобили да земат неколку елеци за спасување и да ги однесат на просторот.

-Да им ги однесеме на оние на кои што им припаѓаат. Ќе можат со нов да го декорираат новиот центар, вели градоначалникот и објаснува дека елеците и чамците од сите нови пристигнувања ќе се пренесуваат на конкретниот простор.

На Лезбос, во делот што порано беше депонија, сега има над 13 000 кубни метри стари елеци за спасување и стари чамци.

Просторот одреден од грчката влада за изградбата на затворениот контролиран центар е на површина од 26 хектари. Се очекува во следниот период да започне изградбата, а кога ќе се пушти во употреба, ќе биде затворен кампот Мориа. ср/

Таг
Back to top button
Close
Close