БалканБалкан.ПорталСвет.Слајдер

Во Жупанскиот суд во Загреб продолжи судењето на Ивица Тодориќ

Во Жупанскиот суд во Загреб денеска продолжува судскиот процес против Ивица Тодориќ, поранешен сопственик на „Агрокор“. Процесот беше почнат во март годинава.

Загреб, 29 јуни 2020 (МИА) – Во Жупанскиот суд во Загреб денеска продолжува судскиот процес против Ивица Тодориќ, поранешен сопственик на „Агрокор“. Процесот беше почнат во март годинава.

Според хрватските медиуми, Тодориќ пред судот се појавил без адвокат, затоа што, како што кажа, не му требал.

Обвинението го товари Тодориќ, дека заедно со соработниците „испумпале“  од „Агрокор“ 1,2 милиони евра , односно дека парите завршиле на сметката на швајцарската компанија „Сигман Инвест АГ“.

Истрагата против Тодориќ и 14 други лица осомничени за оштетување на „Агрокор“ е почна во октомври 2017 година. сд/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close