Svet.SlajderСветСвет.Портал

Во земјотресот во Мексико загинаа најмалку седум лица

Во земјотресот со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала, што во вторникот беше регистриран во мексиканското одморалиште Ватулко се искачи на седум луѓе, изјави гувернерот на сојузната мексиканска држава Оахака, Алехандро Мурат

Мексико Сити, 25 јуни 2020 (МИА) – Во земјотресот со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала, што во вторникот беше регистриран во мексиканското одморалиште Ватулко се искачи на седум луѓе, изјави гувернерот на сојузната мексиканска држава Оахака, Алехандро Мурат.

Тој наведе дека загинале две жени и пет мажи, додека најмалку 11 лица се повредени, од кои петмина се хоспитализирани.

Земјотресот разурна над 2.000 домови и 55 училишта во Оахака, а штета претрпеле и четири археолошки наоѓалишта. Земјотресот предизвика и привремен прекин во електроснабдувањето, поради што повеќе од 2,4 милиони луѓе останале без струја.

Мурат истакна дека четирите  аеродроми во Оахака не се оштетни и работат нормално.

Епицентарот на земјотресот беше на 23 километри од Крусесите, на крајбрежјето на Оахака, а беше почувствуван и во Мекиско Сити, на 500 километри од епицентарот. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close