0_Македонија.ПорталОпштество

Во земјава нема доволен „слух“ за донирање храна

Според истражувањето, направено во рамки на проектот „Мобилизација на заедницата во борбата против гладот“ во земјава има многу ниско ниво за „слух“ за донирање на храна од страна на производителите, маркетите и угостителските објекти, иако Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) ја рангираше Северна Македонија на осмото место во светски рамки по количините фрлена храна и бројот на жители.

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – Според истражувањето, направено во рамки на проектот „Мобилизација на заедницата во борбата против гладот“ во земјава има многу ниско ниво за „слух“ за донирање на храна од страна на производителите, маркетите и угостителските објекти, иако Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) ја рангираше Северна Македонија на осмото место во светски рамки по количеството фрлена храна и бројот на жители.

Фрлената храна во Северна Македонија има потенцијал да нахрани околу 13.000 граѓани со три оброци дневно и додека од една страна имаме висок процент на таканаречен вишок на храна, истовремено над 400.000 лица имааат проблем да обезбедат храна. Поради недостиг на финансии овие граѓани во просек имаат по еден оброк во денот.

Наташа Доковска Спировска, од „Новинари за човекови права“, наведе дека истражувањето е спроведено на погоден примерок од целната група на производители, маркети и угостителски објекти.

Таа истакна оти истражувањето покажало оти 44,8 отсто од испитаниците го селектираат отпадот од храна, а 37,9 дека не го селектираат.

– На прашањето дали би ја донирале храната, 20 проценти од испитаниците одговориле дека ја фрлаат храната по истекот на рокот за користење, 16 проценти дека ја донираат пред истекот на рокот, 10 проценти дека ја враќаат кај дистрибутерите и ја продаваат со намалена цена пред истекот на рокот, додека 20 проценти од испитаниците дале разни други одговори, посочи Доковска Спировска.

Таа истакна дека изненадува факот што најголем број на испитаниците воопшто не сакаат да слушнат за можноста да ја донираат храната или не знаат каде и како да го сторат тоа.

Врз основа на информациите на терен, како и од анкетите спроведени меѓу лицата инволивирани во продажба на храна, се соочуваме со неколку проблеми. Тоа се: лоши стратегии за дистрибуција, формалност при ракување и доставување храна, недостаток на инфраструктура, несогласување меѓу снабдувачите со храна и корисниците на храна, непознавање на законските регулатива, како и ниско ниво на емпатија кон другите, заклучи Доковска Спировска.

Ситуацијата е неповолна речиси во сите држави, а и во Европска унија, каде што, според Евростат, околу 23 проценти од населението е изложено на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, додека во исто време се фрлаат околу 88 милиони тони храна.

Состојбата на глобално ниво покажува дека една третина од храната произведена за човечка потрошувачка – еквивалентна на 1,3 милијарди тони на годишно ниво, се фрла.

Проектот „Мобилизација на заедницата во борба против гладот“, го спроведоа повеќе НВО, меѓу кои и „Банка за храна на Македонија“, „Љубезност“ и „Новинари за човекови права“. см/сп/ 

Back to top button
Close
Close