Дописници МКДОпштински вести

Во Здравствениот дом во Велес започнаа лабараториски испитувања за пациентите со Ковид, мерење на присуство на Д-демерите и це-ер –пе во крвта

Освен во Био- хемиската лабараторија на велешката Општа болница од денеска Ковид позитивните пациенти веќе можат да ги проверат присуството на Д-демерите и це-ер –пе во крвтта. Испитувањата се вршат во засебна амбуланта од постоечката за останатите пациенти и тоа само во терминот од 11-13 часот, по 35 пациенти секој ден информира за МИА,д-р Светлана Црнушева специјалист по медицинска биохемија, раководител на дијагностичката лабараторија при ЈЗУ Здравствен дом Велес.

Велес, 21 април 2021 (МИА) – Освен во Био- хемиската лабараторија на велешката Општа болница од денеска Ковид позитивните пациенти веќе можат да ги проверат присуството на Д-демерите и це-ер –пе во крвтта. Испитувањата се вршат во засебна амбуланта од постоечката за останатите пациенти и тоа само во терминот од 11-13 часот, по 35 пациенти секој ден информира за МИА,д-р Светлана Црнушева специјалист по медицинска биохемија, раководител на дијагностичката лабараторија при ЈЗУ Здравствен дом Велес.

Таа информира дека за тоа веќе координирале со претседателката на ЗПЛМ Д-р Лилија Чолакова Дервишова која ќе ги извести матичните лекари од Велес, Градско и Чашка да даваат упат за вакви испитувања и тоа само за оние пациенти за кои што тие ќе одредат дека има потреба од вакви лабараториски испитувања.

-Со оваа пациентите со Ковид не ќе мора да одат за вакви испитувања и чекаат во болница или во приватни лабаратории во Скопје, а сите испитувања се бесплатни. Со ова тие ќе можат за пократко време да ги завршат потребните испитувања и да заштедат на време и пари потенцира др Црнушева.

Таа воедно информира дека освен овие испитувања за Ковид позитивните пациенти, тие со новиот апарат кои го имаат набавено и за останатите пациенти со други болести освен вообичаените анализи на крвтта сега вршат и анализа за хемоглобин А1Ц за пациентите дијабетичари, гликоза орален тест и ЛУ2 , а за што сите вакви пациенти треба да обезбедат термин за анализа на крвтта, а само со упат од лекар специјалист.ад/см/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close