Општински вестиСкопје

Во завршна фаза зелениот корнер во ТЦ „Лептокарија“

Од Општина Карпош информираат дека во завршна фаза е зелениот корнет во ТЦ „Лептокарија“ во населбата Карпош 3. Веќе се засадени дел од украсните растенија, а поставени се и нови клупи за седење и подлога.

Скопје, 21 август 2020 (МИА) – Од Општина Карпош информираат дека во завршна фаза е зелениот корнет во ТЦ „Лептокарија“ во населбата Карпош 3. Веќе се засадени дел од украсните растенија, а поставени се и нови клупи за седење и подлога.

Од општината соопштуваат дека за подобро одржување на новозасаденото зеленило, ќе се постави и систем за наводнување, како и реквизити за рекреација на најмладите.

Уредувањето на овој дел од Карпош е донација од „Халкбанк“ АД Скопје, во рамки на проектот „HalcEco“, чија основна цел е заштита и унапредување на животната средина.

Оттаму посочуваат дека локалната самоуправа континуирано работи на одржување на постоечкото и зголемување на новото зеленило.

– Неделава, комуналните служби ги кастреа сувите и надвиснати гранки во повеќе населби низ Карпош. Исто така, продолжи и двосменската работа за наводнување на новозасадените дрвја и тревни површини, на локациите каде што не се поставени автоматски системи. Овие зелени површини, мини скверови и паркчиња, треба да обезбедат подобар маалски живот и меѓугенерациска дружба на карпошани, бидејќи тоа се места каде што луѓето се социјализираат и рекреираат, соопштуваат од општината.

Ги повикуваат сите граѓани при посетата на овие зони да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид – 19: да носат заштитни маски, да одржуваат дистанца и да вршат редовна дезинфекција.фф/дма/

Back to top button
Close
Close