0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономијаОпштество

Во завршна фаза категоризацијата на одгледувалиштата на свињи

Во завршна фаза се активностите на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за категоризација на одгледувалиштата на свињи кои имаат минимум една единка, со цел утврдување на степенот на ризик. Од 25 мај до 10 јули, од страна на ветеринарните друштва кои имаат склучено договори со Агенцијата за храна и ветеринарство за извршување на активности од јавен интерес, спроведени се ветеринарни посети и извршени клинички прегледи на 96,1 процент, односно на 2.778 од евидентираните 2.888 одгледувалишта.

Скопје, 14 јули 2020 (МИА) – Во завршна фаза се активностите на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за категоризација на одгледувалиштата на свињи кои имаат минимум една единка, со цел утврдување на степенот на ризик. Од 25 мај до 10 јули, од страна на ветеринарните друштва кои имаат склучено договори со Агенцијата за храна и ветеринарство за извршување на активности од јавен интерес, спроведени се ветеринарни посети и извршени клинички прегледи на 96,1 процент, односно на 2.778 од евидентираните 2.888 одгледувалишта.

Од нив, како што соопшти АХВ, 319 се категоризирани како одгледувалишта со низок ризик, 2.141 со среден, а 318 одгледувалишта се евидентирани како фарми со висок ризик.

Евалуација (проценка на извршената категоризација спроведена од страна на ветеринарните друштва) ќе се спроведе од страна на официјални ветеринари и стручни лица од АХВ.

Официјалните ветеринари на Агенцијата спроведуваат и контроли на одгледувалиштата каде по спроведениот попис во февруари годинава, кај 850 одгледувалишта е утврдено дека нема свињи. Контроли се спроведуваат и кај малите фарми, кај кои оваа година првпат се спроведени клинички прегледи од страна на ветеринарните друштва.

Врз основа на спроведениот попис на одгледувалишта на свињи со вкупно 133.397 единки, утврдено е дека најголемиот број од свињите или 92.934, односно околу 70 проценти од популацијата, се одгледуваат во 16 големи свињарски фарми со над 1 000 единки. Во 69 фарми (од 101 до 1 000 единки) се одгледуваат 20.976 свињи, во 464 фарми кои имаат од 11 до 100 единки евидентирани се вкупно 12.361 свињи, а во 2.339 фарми со 1 до 10 единки е евидентирано дека се одгледуваат 7.126 свињи. мч/лв/

Back to top button
Close
Close