БалканБалкан.Портал

Во Загреб прогласена состојба на природна непогода поради земјотресот

Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ денеска прогласи состојба на природна непогода поради земјотресот што вчера го погоди градот.

Загреб, 23 март 2020 (МИА) – Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ денеска прогласи состојба на природна непогода поради земјотресот што вчера го погоди градот.

Град Загреб ќе распише јавен повик до физичките и правните лица да достават писмени пријави за утврдување штета на објектите.

Од вчера наутро, во Загреб и околината се регистрирани речиси 40 земјотреси, од кои првите два беа најсилни и предизвикаа значителна материјална штета на објекти, а повредени се повеќе лица. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close