ХроникаХроника.Портал

Во Скопје вчера 14 сообраќајки, пајакот подигнал 72 возила

Осум лица се здобиле со лесни телесни повреди во седум од вкупно 14 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во седум сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Скопје, 13 декември 2019 (МИА) – Осум лица се здобиле со лесни телесни повреди во седум од вкупно 14 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во седум сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Од сообраќа,ј според податоците на СВР Скопје, полицијата исклучила тројца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, пет возачи пред да се стекнат со право на управување на моторни возила и шест возила нерегистрирани.

Со специјалното возило „пајак“ подигнати се 72 возила.

Казнети се и четворица пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, еден пешак кој поминал коловоз  на црвено свелто и двајца возачи кои поминале крстосница на црвено светло. јв/цр/

 

 

 

 

 

 

Back to top button
Close
Close