0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderОпштество

Во Владата ќе биде одбележен Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Националното одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост ќе биде одржано денеска во Владата на Република Северна Македонија.

Скопје, 2 декември 2019 (МИА) – Националното одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост ќе биде одржано денеска во Владата на Република Северна Македонија.

Во рамки на настанот ќе се одржи и завршната конференција од проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, што го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија. Проектот е финансиран од Европската Унија.

На одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост ќе обратат премиерот Зоран Заев, евроамбасадорот Самуел Жбогар, како и министрите за труд и социјална политика Мила Царовска, за здравство Венко Филипче и за образование и наука Арбер Адеми. Обраќања ќе имаат и претставници на Националниот совет на инвалидските организации и на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, кое е организатор на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост.са/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close