Дописници СветСветСвет.Портал

Во Вирџинија за време на вежби се урна воен авион

Авион за радиолокациско извидување на воено-морските сили на САД од типот E-2 C „Хокај“ синоќа се урнал на копно недалеку од брегот на Вирџинија, сите четворица членови на екипажот успеале да се катапултираат.

Вашингтон, 1 септември 2020 (МИА) – Авион за радиолокациско извидување на воено-морските сили на САД од типот E-2 C „Хокај“ синоќа се урнал на копно недалеку од брегот на Вирџинија, сите четворица членови на екипажот успеале да се катапултираат.

Ова денеска го соопшти официјалниот армиски претставник Патрик Гордон.

Како што се истакнува, леталото се урнало синоќа околу 16 часот по источноамериканско време (22 часот средноевропско време). Според Гордон, авионот Е-2 исполнувал вежбовни активности во близина на американската воена база во градот Норфолк, Вирџинија. Претставникот потврди дека членовите на екипажот не настрадале.

Во тек е истрага за причините на падот на авионот кој чини 80 милиони долари. кб/

Таг
Back to top button
Close
Close