Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Во Венето се воведуваат нови мерки: кој не се лекува ризикува затвор и парична казна

Претседателот на регионот Венето, Лука Заја, постави нови норми откако во оваа северна италијанска покраина еден граѓанин се разболел од Ковид-19 по неговото враќање од Западен Балкан, а потоа одбил самоизолација и не сакал да ги открие имињата на луѓето со кои бил во контакт.

Рим, 7 јули 2020 (МИА) – Претседателот на регионот Венето, Лука Заја, постави нови норми откако во оваа северна италијанска покраина еден граѓанин се разболел од Ковид-19 по неговото враќање од Западен Балкан, а потоа одбил самоизолација и не сакал да ги открие имињата на луѓето со кои бил во контакт.

Според локалните медиуми, се воведува обврска за 14-дневна изолација за сите Италијанци или лица кои живеат и работат во Венето кои биле надвор од покраината повеќе од 120 часа, како и два задолжителни теста за коронавирус и тоа под закана од кривична пријава.

Исто така, заразените лица мора да ги дадат имињата на луѓето со кои биле во контакт.

Лицето кое ќе крие симптоми на зараза со Ковид-19 ризикува не само парична казна од илјада евра, туку и затвор за непочитување на мерките и загрозување на јавното здравје.

Од први јули до сега во Венето имало вкупно 28 случаи на зараза со Ковид-19, од кои 15 се „увезени“, а станува збор за зараза која е констатирана кај луѓе кои престојувале надвор од Италија и дошле или се вратиле во Венето. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close