ЕвропаЕвропа.Портал

Во Велика Британија конечно пристигна турската заштитна опрема

Британски воен авион со заштитна опрема утрово слета од Турција на аеродромот во Лондон

Лондон, 22 април 2020 (МИА) – Британски воен авион со заштитна опрема утрово слета од Турција на аеродромот во Лондон.

Авионот со 84 тони заштитна опрема пристина во Велика Британија по неколку дена одложување.
Според дел од британските медиуми се уште не е познато колку опрема се наоѓа во авионот. Во товарот би требало да има околу 400.000 парчиња заштитна облека.

Турција неколку дена ја одложуваше пратката поради наводна контрола на квалитетот.

Турски претставници изјавија дека купувањето на опремата од турските фирми била отежната бидејќи немало доволно резерви. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close