0_Магазин.ПорталЗанимливости

Во Велика Британија болнички сали наречени според училиштето на Хари Потер

Лекарите во болницата Ројал Бурнмаут во Дорсет, Англија, кои секојдневно се борат со коронавирусот, одлучија болничките одделенија и салите да ги именуваат според куќите во волшеничкиот универзитет „Хогвортс“...

Дорсет, 10 април 2020 (МИА) – Лекарите во болницата Ројал Бурнмаут во Дорсет, Англија, кои секојдневно се борат со коронавирусот, одлучија болничките одделенија и салите да ги именуваат според куќите во волшеничкиот универзитет „Хогвортс“ од популарниот серијал книги и филмови со наслов „Хари Потер” на писателката Џоан К. Роулинг.

Така, салите за состаноци ги добија имињата Грифиндор, Слитерин, Хафлпаф и Равенкло.

Од болницата соопштија дека оваа идеја им дошла одлично, како еден вид забава во времето на значајни прашања и одговори. Еден од шефовите на одделение, Алек Маслен истакна дека идејата потекнала од помладите колеги кои израснале со оваа современа британска класика.

И авторката Роулинг се огласи на Твитер, велејќи дека досега не била толку горда отколку во овој миг.  си/

Таг
Back to top button
Close
Close