Дописници МКДОпштински вести

Во велешкото музичко училиште„Стефан Гајдов“ од септември нова класа за традиционални музички инструменти

ООМУ Музичко  „Стефан Гајдов“ од Велес од септември освен постоечките започнува со уписи и работа со  ученици во новата класа за  традиционални музички инструменти - кавал, тамбура, гајда, тапани, зурла..под водство на м-р Трајче Малинов, кој доаѓа како професор во ова училиште, со долгогодишно музичко искуство.

Велес, 30 јули 2021 (МИА)ООМУ Музичко  „Стефан Гајдов од Велес од септември освен постоечките започнува со уписи и работа со  ученици во новата класа за  традиционални музички инструменти – кавал, тамбура, гајда, тапани, зурла..под водство на м-р Трајче Малинов, кој доаѓа како професор во ова училиште, со долгогодишно музичко искуство.

Тој има завршено Музичка академија во Скопје за музичка теорија и педагогија, факултет за инструментален отсек и народни инструменти кај проф. Драган  Даутовски. Предавал во некои основно училишта, а  воедно е член на велешката група „Виртуз“. Инаку, со својот кларинет и саксафон сам и во дует и оркестар често учествува на бројни концерти и разни свечени програми.

 – Среќен сум што ќе бидам професор на новата класа за народни инструменти во велешкото музичко училиште.Целта на отворањето на овој отсек е изучување на народни инстриументи и да ја зачуваме и негуваме традиционалната македонска музика,потенцира Малинов.

Инаку, велешкото музичко училиште „Стефан Гајдов“ е прво музичко училиште во земјава формирано во далечната 1946 година и годинава ќе одбележи 75 години од постоењето. Во него досега се изучуваа класични музички инструменти пијано, флејта, кларинет, виолончело, виолина и класична гитара.ад/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close