Дописници МКДОпштински вести

Во велешките градинки од 1 јуни со проширување на групите ќе може да се сместат повеќе деца

Со проширувањето на капацитетот од сегашните од 15 на 20 деца во групите од две до шест години и од сегашните 12 на максимум 15 деца во групите од нула до две години, наместо 720 деца, колку во моментов е дозволено да бидат згрижени според Ковид протоколите, од 1 јуни во велешките градинки ќе може бидат згрижени 813 од вкупно запишаните 1200 деца, информира за МИА Маја Велинова, директор на детска градинка „Димче Мирчев“.

Велес, 28 мај 2021 (МИА) – Со проширувањето на капацитетот од сегашните од 15 на 20 деца во групите од две до шест години и од сегашните 12 на максимум 15 деца во групите од нула до две години, наместо 720 деца, колку во моментов е дозволено да бидат згрижени според Ковид протоколите, од 1 јуни во велешките градинки ќе може бидат згрижени 813 од вкупно запишаните 1200 деца, информира за МИА Маја Велинова,  директор на детска градинка „Димче Мирчев“.

Според неа, бројот на деца кои родителите ги носат во градинки во просек варира од 570 до 620 деца. Поради пандемијата од запишаните 1200 деца, засега можност да ги носат во градинка имаат само самохрани и родители кои се двајца вработени.

-Иако има потреба и за останатите родители да ги носат своите деца во градинка, но засега такви се протоколите за заштита од Ковид. Останатите кои се запишани, а не ги носат со одлука на Советот на Општина Велес се ослободени од плаќање, појасни Велинова.

Таа вели дека добра вест е што од 1 јуни – од вторник ќе се зголемат групите и со тоа наместо сегашната бројка од 720 ќе се зголеми на 813 деца кои согласно ковид-протоколите ќе можат да престојуваат во градинка.

-Се надеваме на понатамошно смирување на ковид-пандемијата, што ќе придонесе за понатамошно зголемување на бројот на деца кои ќе можат да се вратат градинка. Ние  се надеваме дека  до 1 септември во градинка ќе можат пак да се вратат сите запишани 1200 деца, колку што е и капацитетот на шесте велешки градинки,цпојасни Велинова.

Воедно информира дека уште отсега имаат дополнителни 87 деца кои се на листата за чекање да бидат примени, ако во меѓувреме некој родител го отпише своето дете од градинка.Тие засега не можат да се запишат во градинка затоа што постоечкиот капацитет од 1200 деца на оваа јавна установа за згрижување на деца тоа не го дозволува.

Таа посочува дека во договор со локалната власт под чија ингеренција е градинката се договара за нова градинка да биде преадаптиран првиот спрат од поранешното ООУ „Јордан Хаџи Константинов“-Џинот“ кое подолго време стои празно и запуштено по преселување на некои од факултетите,  кои тука беа сместени.

-Општината Велес која е сопственик на овој објект преговара со МОН да им го преотстапи вториот кат за преселба на државното Посебено училиште „Маца Овчарова“, а за возврат МОН да го среди објектот и за училиштето  кое е под нивни ингеренции, но, да го преуреди и првиот спрат на оваа зграда за нова детска  градинка. За тоа веќе има интерес од МОН, но, прво треба да се изготви елаборат и проект. Ако не од оваа есен, тогаш да се надеваме дека од идната година сепак ќе се реализира овој проект за нова градинка во Велес, со што ќе се зголеми и капацитетот на велешките градинки, за кои постои голем интерес од родителите, појаснува Велинова. ад/сст/

Back to top button
Close
Close