Дописници МКДОпштински вести

Во велешката болница зголемен бројот на пациенти со КОВИД-19

Во велешката Општа болница вкупно се хоспитализирани 39 пациенти, од кои 30 се потврдени позитивни, шест пациенти се сомнителни и тројца пациенти се со негативен брис, но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се осум пациенти, информира портпаролот на болницата д-р Елеонора Јованова.

Велес, 17 февруари 2021 (МИА) – Во велешката Општа болница вкупно се хоспитализирани 39 пациенти, од кои 30 се потврдени позитивни, шест пациенти се сомнителни и тројца пациенти се со негативен брис, но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се осум пациенти, информира портпаролот на болницата д-р Елеонора Јованова.
-Споредено со вчера, кога беа 39, е повеќе за шест, додаде д-р Јованова.
И вчера на кислородна поддршка беа исто како денес, осум пациенти, а завчера 13 пациенти со што бројот е намален за пет.
На Инфективното одделение има  34 пациенти, на Интерно Б крак – пет пациенти. ад/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close