Дописници МКДОпштински вести

Во велешката болница поради намалување на бројот на пациенти, Физикалното одделение ставено во времено мирување

Во велешката болница едно од трите Ковид одделенија-Физикалното одделение од денеска е ставено во времено мирување, а поради намалување на бројот на хоспитализирани пациенти,одлучи раководниот тим на болницата, информира портпаролот д-р Елеонора Јованова.

Велес, 4 мај 2021 (МИА) – Во велешката болница едно од трите Ковид одделенија-Физикалното одделение од денеска е ставено во времено мирување, а поради намалување на бројот на хоспитализирани пациенти,одлучи раководниот тим на болницата, информира портпаролот д-р Елеонора Јованова.

Во функција се уште се Инфективното одделение каде има 54 кревети, а 40 пациенти и Модуларната болница со капацитет од 47 кревети, каде моментално се лекуваат 25 пациенти. Во Интерно одделение има седум пациенти кои се лекуваат со последици по прележан Ковид.

Инаку, моментално во велешката болница вкупно се хоспитализирани 72 пациенти исто колку што беа и вчера, а од кои 56 се потврдени позитивни, вчера беа 60 потврдени на Ковид.

Денеска во болницата има шест сомнителни  и десет пациенти со негативен тест, но задржани на болничко лекување.

Во велешката болница денеска има 26 пациенти на кислородна поддршка,информира д-р Јованова.  ад/свс

Таг
Back to top button
Close
Close