Дописници МКДОпштински вести

Во Велес вчера немало нов КОВИД-случај, денеска регистрирани 36 позитивни  

Во Велес во текот на вчерашниот ден немаше регистрирано ниту еден новозаразен од КОВИД, но денеска се регистрирани 36 заразени. Според статистиката на Центарот за јавно здравје, 54 лица оздравеле, а едно, на 76 годишна возраст, е починато.

Велес 20 април 2021 (МИА) – Во Велес во текот на вчерашниот ден немаше регистрирано ниту еден новозаразен од КОВИД, но денеска се регистрирани 36 заразени. Според статистиката на Центарот за јавно здравје, 54 лица оздравеле, а едно, на 76 годишна возраст, е починато.

Бројот на активни случаи е 679 лица.

-Во велешката болница вкупно се хоспитализирани 85 пациенти, од кои 71 позитивен, 4 сомнителни  и 10 со негативен брис, но задржани на болничко лекување. Вчера беа 91 пациент од кои  77 потврдени на КОВИД, што значи дека бројот е во опаѓање, информира портпаролот д-р Елеонора Јованова.

На кислородна поддршка се 46 пациенти.

Јованова истакна дека се испишани од болница како оздравени 12 пациенти, со по еден негативен тест за КОВИД. ад/мч/

 

Back to top button
Close
Close