Дописници МКДОпштински вести

Во Велес  се реализираат дваесет инфраструктурни проекти

Во Велес освен интензивните градежни работи на санација на карпата во месноста „Цуцка“, истовремено  се работи на проектот СМАРТ езеро „Младост“ финансиран од ЕУ , во кој се уредува еко- кампот и паркот на авантури, се работи на пешачката патека и наскоро се очекува да биде асфалтиран и патот кон винаријата „Шато Сопот“, се поставува урбана опрема, се работи на хортикултурно уредување на крајбрежниот појас, информира градоначалникот Аце Коцевски.

Велес, 22 мај 2020 (МИА) – Во Велес освен интензивните градежни работи на санација на карпата во месноста „Цуцка“, истовремено  се работи на проектот СМАРТ езеро Младост финансиран од ЕУ , во кој се уредува еко- кампот и паркот на авантури, се работи на пешачката патека и наскоро се очекува да биде асфалтиран и патот кон винаријата „Шато Сопот“, се поставува урбана опрема, се работи на хортикултурно уредување на крајбрежниот појас, информира градоначалникот Аце Коцевски.

Заврши изведбата на фекалната канализација во селото Горно Оризари,  а во тек се реконструкции на водоводните линии на три улици во градот, а во наредниот период треба да бидат реконструирани уште осум улици. Делницата на патот од село  Бузалково кон село Сливник е асфалтирана, се очекува деновиве да продолжат активностите на патниот правец од Клуковец кон Сливник. Реконструкцијата на патот се изведува во вкупна должина од над шест километри,информира Коцевски.

Тој потсети дека неделава стартуваше еднонасочното одвивање на сообраќајот на улиците „Христо Татарчев“, „Никола Карев“ и „11 Октомври“.

Исто така, заврши бетонирањето на улицата во с. Караслари, се работи на бетонирање и на улицата во Раштани. Во моментов се работи на бетонирање на улицата „Тодорче Николовски“ во Шорка и на улицата „Нада Бутникошарова“ во близина на градскиот пазар. Се работи на потпорниот ѕид на ул. „Рилски конгрес“ бр. 40 , како и на крак во должина од 470 метри за поврзување на комплексот „Вел Сити“ со канализациската мрежа.

Во неколку училишта во градот и во општинската зграда се работи на реконструкција на санитарии и замена на столарија, се поставуваат хидранти, се обновуваат фонтаните и автобуските постојки во градот.

Воедмо  завршено е одбележувањето на хоризонталната сигнализација.

Коцевски ја информираше јавноста дека на последната седница на Советот за развој на Вардарскиот плански регион е донесена одлука за апликација на проект за отворање на регионален иновациски хаб во просториите на поранешната Народна кујна.

Во врска со тековните работи за опремување на киното во Велес, тој  информираше дека се очекува да пристигне големото бело  платното за кино – проекција и да се финализира овој значаен проект за граѓаните,односно наскоро да биде отворено Новото кино во Велес. ад/ир

 

Таг
Back to top button
Close
Close