Дописници МКДОпштински вести

Во Велес се одржа 4. Бадникова поворка – литија

Во организација на Епархијата Повардарска во Велес со поаѓање од црквата „Св.Кирил и Методиј“ по главната улица „Благој Ѓорев“  до Трговскиот и покрај  училиштето „Васил Главинов“ и назад повторно до црквата „Св Кирил и Методиј“ денеска се одржа четвртата Бадникова поворка - Литија.

Велес, 6 јануари 2020 (МИА) – Во организација на Епархијата Повардарска во Велес со поаѓање од црквата Св.Кирил и Методиј“ по главната улица „Благој Ѓорев“  до Трговскиот и покрај  училиштето „Васил Главинов“ и назад повторно до црквата „Св Кирил и Методиј“ денеска се одржа четвртата Бадникова поворка – Литија.

На Бадниковата поворка учествуваа над 200 деца и граѓани од Велес, кои ја пееја традиционалната песна „Вечниот бог“ наговестувајќи го доаѓањето на Бадник, а по негo и на Божиќ и раѓањето Исусово.

Како што информира за МИА Никола Цилаков од Епархиката Повардарска во Велес, денеска во црквата „Св. Кирил и Методи“, митрополитот Повардарски Агатангел отслужи Св.Божествена Литургија на која беа осветени и Бадниковите гранчиња, a кои Епархијата им ги  даруваше на  православните верници да ги однесат во своите домови за Бадник.

По завршување на литургијата, митрополитот Повардарски Агатангел традиционално со бадникови пакетчиња ги даруваше децата-учесници во литијата.ад/фф/

Back to top button
Close
Close