Дописници МКДОпштински вести

Во Велес регистрирани два нови случаи на Ковид-19

ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани два нови случаи на Ковид-19 на територијата на Велес, со што бројката на дијагностицирани досега се искачи на 64.

Велес, 25 април 2020 (МИА) – ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес информира дека  во изминатите 24 часа се регистрирани два нови случаи на Ковид-19 на територијата на Велес, со што бројката на дијагностицирани досега се искачи на 64.

Како што потенцираат од оваа јавна здравствена установа, добра вест е што досега во Велес има 10 излекувани пациенти. Во моментов има 51 активен случај, а досега три лица починаа.

Инаку на Инфективното одделение при ЈЗУ Општа болница денеска, исто како вчера, се хоспитализирани 20 пациенти, од кои 17 со регистриран Ковид-19, а тројца ги чекаат резултатите од земен брис. ад/сст/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close