Дописници МКДОпштински вести

Во Велес регистрирани четири новозаболени и тројца излекувани од Ковид -19

Според информацијата што ја сооопшти Министерството за здравство во изминатото деноноќие во Велес и велешко има четири нови случаи со Ковид-19. Според информацијата од Институтот за јавно здравје во изминатото деноноќие од Ковид-19 од Велес и велешко се излекувале тројца пациенти, а моментално активни на болеста се 28 лица.

Велес, 19 август 2020 (МИА) – Според информацијата што ја сооопшти Министерството за здравство во изминатото деноноќие во Велес и велешко има четири нови случаи со Ковид-19. Според информацијата од Институтот за јавно здравје во изминатото деноноќие од Ковид-19 од Велес и велешко се излекувале тројца пациенти, а моментално активни на болеста се 28 лица.

На Инфективното одделение при ЈЗУ Општа Болница Велес како што информира портпаролот д-р Весна Неделковска Николова на лекување се 17 лица од кои 15 се позитивни и двајца чекаат резултати од тест.

Освен од Велес на одделението има и пациенти од Кавадарци, Неготино и Свети Николе.

Таа информира дека двајца од новозаразените, маж и жена се нивни  пациенти, а кои и во изминатите денови лежеле на Инфективното одделение и чекале резултати од направен тест. ад/аа/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close