Дописници МКДОпштински вести

Во Велес поправени и пуштени во функција безбедносните автоматски сигнални рампи на пругата

Поправени и пуштени во функција од вчера попладне, околу 13 часот, се петте безбедносни автоматските сигнални рампи на железничката пруга во Велес-Згрополци. Тие не беа во функција три и пол дена, од неделата 15 минути по полноќ, кога поради силното невреме  на пругата Велес-Згрополци кај Канатларци беше оштетен СТА кабелот кој го регулира нивното функционирање.

Велес, 13 август 2020 (МИА) – Поправени и пуштени во функција од вчера попладне, околу 13 часот, се петте безбедносни автоматските сигнални рампи на железничката пруга во Велес-Згрополци. Тие не беа во функција три и пол дена, од неделата 15 минути по полноќ, кога поради силното невреме  на пругата Велес-Згрополци кај Канатларци беше оштетен СТА кабелот кој го регулира нивното функционирање.

Од ЈП МЖ Инфраструктира за МИА информира Васил Алтанџиев, раководител на сектор ЕТП, нивните екипи во изминатите денови интензивно работеле за повторно да ги оспособат рампите и да ги пуштат во функција.

Од друга страна, граѓаните на Велес во изминатите неколку дена беа револтирани затоа што сметаа дека и покрај преземените мерки на претпазливост од машиновозачите на возови на ЈП МЖ, сепак, им била загрозена безбедноста на минување преку пругата на овие железнички премини.

Граѓаните се жалеа  и дека поради нефункционирање на автоматските рампи, возовите кои доаѓаат претходно  долго свиреа за предупредување, а тоа  најмногу им сметаше на жителите од  околните згради и куќи, посебно во ноќните часови. Возовите потоа бавно се движеа на овие железнички  премини низ градот и посебно кај мостот „Гемиџии“ се создаваат  големи колони на возила кој чекаат да поминат.

Граѓаните на Велес бараат од ЈП Македонски Железници Инфраструктура да ги заштити овие  кабли  на пругата  од невреме и кражби, кои често се случуваат. Граѓаните им  предлагаат да постават и камери  за да се отстранат ваквите несакани последици и да се заштитат од дефектите, кои им носат  и финансиска  загуба.
Од ЈП МЖ Инфраструктира информираат дека само еден метар ваков  кабел во просек чини околу три илјади денари, а само при овој дефект поради оштетувавање на постоечкиот мораше да биде набавен нов кабел од 120 метри. ад/мд/

 

Back to top button
Close
Close