Дописници МКДОпштински вести

Во Велес отворена изложба на Мице Јанкуловски по повод 50 години негово творештво

Во организација на Народниот музеј од Велес во Ликовниот салон беше отворена самостојна изложба на слики на Мице Јанкуловски Мицко по повод 50 години негово творештво, а беше промовирана и публикација и видео.

Велес, 5 февруари 2021 (МИА) – Во организација на Народниот музеј од Велес во Ликовниот салон беше отворена самостојна изложба на слики на Мице Јанкуловски Мицко по повод 50 години негово творештво, а беше промовирана и публикација и видео.

Корнелија Конеска, извршен директор на „Остен“ и куратор и еден од промоторите на изложбата за МИА ќе појасни дека Мице Јанкуловски е мултимедијален уметник, бидејќи креативната енергија во своето 50 годишно творештво ја има канализирано преку сликарството, цртежот, карикатурата, анимираниот филм, сатирично сликарство на стакло, а пишува и палиндроми.

-Оваа изложба на која е претставен сегмент од неговото најново плодно творештво, бидејќи тој е многу продуктивен во творењето.Оваа негова најнова фаза е наречена форма три, што значи претходно имал и форма два и форма еден, информира Конеска.
 
Додаде дека тој има направено слика што е 8,5 метри триптих која е со 464 бои и секоја органска форма е со различна боја.
 
Потенцира дека откако ја насликал оваа слика потоа почнал да слика само со црна боја.
– Помеѓу тие две фази имаше една фаза во која Јанкуловски сликаше со две бои сликаше мали детали на големи и мали платна и на крај да помине во форма три во која не само што ги отфрли боите туку и четките. И сега на дебел слој од акрилна или маслена боја на платно тој интервенира со различни алатки: чешли, гребла и.т.н.  и на тој начин ја предизвикува сензацијата којашто единствено може да се доживее само со адекватна светлина, која е многу важна во неговата уметност и е дел од неговите слики.Затоа што ако една слика ја гледаш од различни агли во зависност од таа како светлината паѓа врз сликата, различни се и сезациите и формите што се гледаат, појасни Конеска.
Додаде дека оваа негова фаза се карактеризира со монохромност, затоа што е направена со една боја со мултипликација затоа што различни форми аплицира на едно платно и повеќе платна мултициплираат во полиптиси или во едно поголемо дело. Потоа со модуларност затоа што платната форматите му се осмислени претходно и едно дело влегува во друго како модули и на тој начин може да прави многу поголеми дела. Потоа со минимализмот затоа што со минимум елементи го постигнува она што сака да го пренесе на делото, појасни Конеска.
Јанкуловски за МИА појасни дека на своите дела работи интуитивно без концепт влегува во ателје и тоа  се случува. Тој информира  дека за 50 години творештво има многу дела, но специфични се две едното  кое е претставена на изложбата во Велес тоа се 11 парчиња и 500 кругови. Сликата била изложена на „Арт Теселоники“ во 2019 и таму ја добил највисоката награда „Ел Греко“.
 
-Тоа се 500 кругови во 11 дела-слики,Таа слика со 11 слика ја  направив со напорна работа без прекин шест- седум дена и  седум ноќи без спиење, истакна авторот.
 
Воедно информира  дека има уште една слика составена од 11 слики 195Х195 која е посветена на 500 – годишнината на Леонардо Да Винчи и за која ја добил наградата „Лоренцо Ил Мањифико“. – Таа слика се наоѓа во Италија и најверојатно ќе биде изложена во музејот на Да Винчи, информира Јанкуловски.
 

Уметничкиот опус на Јанкуловски припаѓа на различни области на уметноста, вклучува слики на платно, сатирични слики на стакло, цртежи, карикатури и анимации, палиндроми…

Неговата биографија вклучува повеќе од педесет самостојни изложби кај нас и во светот, како и забележителни претставувања на меѓународни манифестации и биеналиња, како во Санкт Петерсбург, Солун, Торино, Фиренца, Венеција, Ларнака, Варна…

Како признание за неговата работа, тој е наградуван со престижни награди, меѓу кои се „Ел ГРЕКО“ за најдобар уметник на АртТесалоники 2019, Грција; „Лоренцо Ил Мањифико“ за животно остварување на Фиренца Биенале 2019, Италија; „Уметник на светот“ на Ларнака Биенале 2018, Кипар; ГРАН ПРИ на 19-то Меѓународно графичко биенале Варна 2017, Бугарија; Гран При (во 1997) на Светската галерија на карикатури Скопје; „13 Ноември“ на Град Скопје во 1985… ад/рп/

Back to top button
Close
Close