0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Во Велес обновени двете градски фонтани во Младинскиот парк и кај кружниот тек „Авона“

Општина Велес го ангажира ЈКП „Дервен“ да ги санира и реновира двете градски фонтани во Велес во Младинскиот парк и кај кружниот тек „Авона“ кои неделава се пуштени во функција и повторно се пријатно места за одмор на граѓаните од сите генерации во овие претопли летни денови.

Велес, 11 јули 2020 (МИА) –  Општина Велес го ангажира ЈКП „Дервен“ да ги санира и реновира двете градски фонтани во Велес во Младинскиот парк и кај кружниот тек „Авона“ кои неделава се пуштени во функција и повторно се пријатно места за одмор на граѓаните од сите генерации во овие претопли летни денови.

Како што информираат од ЈКП „Дервен“ во фонтаната во Младинскиот парк во изминатите неколку недели се изврши целосна санација на фонтаната,односно обнова на подот, ѕидовите на фонтаната системот за филтрација на вода и браварски работи. Со тоа се обнови функционалноста на фонтаната,појаснуваат од ЈКП „Дервен“,

Претходно ваква санација се изврши и на Фонтаната на Кружниот тек кај „Авона“.ад/см/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close