0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Во Велес нема новозаразени од Ковид-19

Во Велес денеска нема новозаразени од Ковид-19 јавија од Центарот за јавно здравје, а оздравен е еден пациент кој бил на лекување на Инфективното одделение во велешката Општа болница. До денеска во Велес и Велешко активни на Ковид-19 се 22 лица.

Велес, 2 август 2020 (МИА) – Во Велес денеска нема новозаразени од Ковид-19 јавија од Центарот за јавно здравје, а оздравен е еден пациент кој бил на лекување на Инфективното одделение во велешката Општа болница. До денеска во Велес и Велешко активни на Ковид-19 се 22 лица.

Како што информира за МИА,д-р Весна Неделковска Николова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, денеска од Инфективното одделение  е испуштен еден оздравен пациент.

Моментално на Инфективно се 16 пациенти од кои кај 11 е потврдено присуството на Ковид-19, а пет  се сомнителни на коронавурусот и чекаат резултати од тест.

Најмногу од пациентите – 12 се од Свети Николе, еден е од Кавадарци и еден од велешкото село Јаболчиште, а од Велес се двајца, информира Неделковска Николова. ад/вг/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close