Дописници МКДОпштински вести

Во Велес нема новорегистрирани од Ковид -19

Центарот за јавно здравје во Велес информира дека изминативе 24 часа во Велес не се регистрирани нови случаи на Ковид-19 .

Велес, 2 мај 2020 (МИА)Центарот за јавно здравје во Велес информира дека изминативе 24 часа во Велес не се регистрирани нови случаи на Ковид-19 .

Во изминатото деноноќие во Велес има 10 излекувани пациенти.

-Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во општината изнесува 77 лица од кои 29 излечени, три смртни случаи и 45 активни, информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес.

На Инфективното одделение при ЈЗУ Општа болница, како што информира за МИА портпаролот Весна Неделковска Николова, на лекување се 16 пациенти од кои кај 15 е потврден тестот на Ковид-19, а еден пациент чека резултат од тест.

Од болницата вчера биле отпуштени двајца пациенти кај кои не било потврдено присуство на Ковид-19.ад/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close