Дописници МКДОпштински вести

Во Велес направено сообраќајно решение со мал кружен тек кај ДОЗ

Општина Велес неделава ги финализира градежните работи на сообраќајното решение кај ДОЗ, а во чии рамки беше направен и мал кружен тек.

Велес, 16 јануари 2020 (МИА) – Општина Велес неделава ги финализира градежните работи на сообраќајното решение кај ДОЗ, а во чии рамки беше направен и мал кружен тек.

Од Општина Велес информираат дека во тек се и други градежни активности на повеќе локации во градот и општината.

Информираат дека заврши и тампонирање на банкини на улицата „Шефки Муратов“ во Населбата Превалец.

Велешката фирма „Изгрев Инженеринг“ работи на патот во село Сливник каде во моментов се изведуваат канали и банкини, а патот целосно треба да биде готов оваа пролет.
Исто така се работи на трасата на велосипедската патека и пешачката патека со паркинг кои се дел од проектот „СМАРТ езеро Младост“. Во тие рамки направена е и пристапна патека до Еко кампот во должина од 170 метри, која е асфалтирана, а се работи и на изградба на  тротоар и ивичњаци на тротоарот.

Од Општина Велес информираат дека со финансиска поддршка од 16 милиони денари од Агенцијата за млади и спорт, деновиве се очекуваат да започнат градежните работи на Градскиот фудбалски стадион „Зоран Паунов“ во Велес, на кој фудбалски натпревари игра прволигашот ФК „Борец“. ад/нд/

Back to top button
Close
Close