Дописници МКД

Во Велес минатата недела 57 заболени од сезонски грип двојно повеќе од претходната недела

Во Центарот за јавно здравје во Велес изминатата недела се регистрирани 57 лица заболени од грип што е двојно повеќе од претходната кога имаше 28.

Велес, 20 јануари 2020 (МИА) –  Во  Центарот за јавно здравје во Велес изминатата недела се регистрирани 57 лица заболени од грип што е двојно повеќе од претходната кога имаше 28.

Како што информира за МИА д-р Билјана Трајкова епидемиолог од оваа јавна здравствена установа, најголем дел  од заболените од грип 42 лица  се во старосната група од 15 до 64 години, а две се деца од четири до 15 години. Воедно има и 13  лица заболени од грип, a над границата од 64 години.

Таа препорачува граѓаните да избегнуваат масовни собири бидејќи грипот лесно се пренесува во контакт со заболено лице.

Инаку во јануари годинава има вкупно 88 заболени од грип,од кои најголем дел се последниве две недели, а најмногу 57 се  во изминатата недела.
Споредено со јануари лани кога биле само 26, годинава во јануари  со 88 заболени има скоро четири пати повеќе.

 

Инаку во 2019 година во Велес  имало вкупно  750 заболени од сезонски грип од кои во јануари се 26, во февруари 281, а во март најмногу 413 заболени.ад/скс/

Back to top button
Close
Close