0_Македонија.ПорталДописници МКДКултураКултура.Портал

Во Велес 57-те „Рацинови средби“ на 25 и 26 септември

Во Велес градот на Рацин, годинашните 57-те „Рацинови средби“ ќе се одржат на 25 и 26 септември, информираше денеска велешкиот градоначалник Аце Коцевски.

Велес, 15 септември (2020) – Во Велес градот на Рацин, годинашните 57-те „Рацинови средби“ ќе се одржат на 25 и 26 септември, информираше денеска велешкиот градоначалник Аце Коцевски.

Во состав на „Рациновите средби“ ќе се одржи Меѓународната научна конференција на која ќе се говори на две теми, 75 години современ македонски јазик,азбука и правопис и Јазикот и стилот во творештвото на Горан Стефановски.

На свеченото отворање ќе има поетски митинг со учество на домашни и странски автори некои во живо, а некои ќе се обратат и со видео пораки, а меѓу нив има и врвни светски поетски имиња и добитници на признанието на Струшките вечери на поезијата.

– Првата вечер ќе биде завршена со етно концерт на познатата група „Синтезис“, а се што ќе биде организирано ќе биде согласно протоколите на Владата односно на Комисијата за заразни болести за држење на предвиденото растојание, најави Коцевски.

Воедно ќе има и промоции на книги,а на свеченото затворање поетски перформанс „Колаж за Рацин“ ќе изведат актерите од Националната установа „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, а потоа ќе бидат доделени Почесното Рациново признание за 2020 и Рациновото признание, а програмата ќе заврши со концерт на Градскиот Камерен оркестар.

– Научната конференција е предвиден во просториите на Општина Велес, а во Младинскиот парк на отворено, ќе се одржат останатите делови од програмата, ако за тоа дозволуваат временските услови, појасни Коцевски.ад/см/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close