Дописници МКДОпштински вести

Во Валандово се решава проблемот со водоснабдувањето

Со пробивање нова бушотина, општина Валандово ги почна активностите за трајно решавање на постојниот проблем со водоснабдувањето што го имаат жителите на селото Брајковци.

Гевгелија, 9 август 2021 (МИА) – Со пробивање нова бушотина, општина Валандово ги почна активностите за трајно решавање на постојниот проблем со водоснабдувањето што го имаат жителите на селото Брајковци.

Од Општината посочија дека со изградбата на нов артериски бунар предвидено е во текот на цела година да се обезбеди поголема и сигурна количина на квалитетна вода за пиење со што целосно и на долг рок би се решил горливиот проблем на жителите од селото.

– Го послушавме повикот на селаните од Брајковци и еве сме на терен за да го решиме нивниот приоритетен проблем во овој момент. Заедно ќе создадеме успешна заедница која понатаму ќе биде подготвена да се справи со секој предизвик, рече градоначалникот на Валандово Перо Костадинов. им/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close