ЕвропаЕвропа.Портал

Во урагански ветер во Москва загина едно лице, а неколкумина се повредени

Во големо невреме во Москва загина едно лице, а неколкумина се повредени, напиша на Твитер градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Москва, 13 март 2020 (МИА) – Во големо невреме во Москва загина едно лице, а неколкумина се повредени, напиша на Твитер градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

– Ветрот со сила на ураган не не остави без последици. Едно лице загина, а неколку се повредени. Мое искрено сочувство до семејството, напиша Собјанин.

Тој апелираше до граѓаните да не ги напуштаат своите домови без потреба, предупредувајќи дека силниот ветер е многу опасен.

Министерството за вонредни ситуации ги предупреди граѓаните на опасност од уривање на покриви, градежни конструкции, поради ветрот, за кој е најавено дека ќе достигне брзина поголема од 25 метри во секунда. ки/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close