ЕвропаЕвропа.Портал

Во Украина 150 нови случаи на коронавирусот за 24 часа

Повеќе од 150 нови случаи на коронавирусот се пријавени во Украина во изминатите 24 часа, соопшти денеска Министерството за здравство.

Киев, 4 април 2020 (МИА) – Повеќе од 150 нови случаи на коронавирусот се пријавени во Украина во изминатите 24 часа, соопшти денеска Министерството за здравство.

Со ова вкупниот број на заразени во Украина е зголемен на 1.096, починале 28 пациенти, а 23 оздравеле.

Украина воведе вонредна состојба на 24 март поради ширењето на коронавирусот. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close