СветСвет.Портал

Во тропска бура загинаа седум лица во Виетнам и Камбоџа

Едно лице го загуби животот во невремето предизвикано од тропска бура што денеска го погоди централниот дел на Виетнам, додека седум лица загинаа од гром во соседна Камбоџа.

Ханој, 18 септември 2020 (МИА) – Едно лице го загуби животот во невремето предизвикано од тропска бура што денеска го погоди централниот дел на Виетнам, додека седум лица загинаа од гром во соседна Камбоџа.

Откако го погоди Виетнам, тропската бура Ноул ослабна, но донесе силни дождови и силен ветер во неколку крајбрежни провинции на земјата, соборувајќи дрвја и оставајќи куќи без покриви.

Во областите погодени од невремето во Виетнам беа евакуирани околу 60.000 луѓе, а 40 регионални летови беа откажани.

Невремето се очекува да предизвика обилни дождови и низ цел Тајланд. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close